Народна банка

Граѓаните и компаниите сè повеќе плаќаат преку кредитните трансфери и платежните картички

Граѓаните и компаниите сè повеќе плаќања во земјата вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички. Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од 11,7 отсто при што е забележан поизразен раст на користењето на платежните картички, со што нивното учество во вкупните плаќања се зголеми и се изедначи со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери, покажуваат податоците од Годишната информација за плаќањата во 2019 година, што ја разгледа Советот на Народната банка.

Во однос на кредитните трансфери, во рамки на Годишната информација нагласено е дека електронските кредитни трансфери растат засилено во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија. При годишен раст од 5,2 отсто на вкупните кредитни трансфери минатата година, електронски иницираните кредитни трансфери растеле побрзо со стапка од 6,2 отсто во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија, коишто се зголемија за 4,4 отсто.

Според платежната статистика за минатата година, плаќањата со картички стануваат сè поприсутни во секојдневното купување на производи и услуги. 

Податоците покажуваат дека продолжува интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и на годишна основа во 2019 година изнесува 20,7 отсто. Воедно, се зголемува и бројот на трансакции на физичките места на продажба со 20,4 отсто, но уште повеќе растат плаќањата со картички на интернет со 29 отсто на годишна основа. Притоа, процентот на население во земјата кое купува преку интернет се зголемува постојано и минатата година достигна 29 отсто од населението кое користело интернет.

На седницата Советот разгледал и донел нова Одлука за методологијата за управување со ликвидносниот ризик, со којашто се прави понатамошно усогласување на домашната регулатива со базелските стандарди (Базел III) и пред сѐ со одредбите на Регулативата на Европската Унија бр. 575/2013, како и со нејзините придружни акти, коишто се однесуваат на базелскиот ликвидносен стандард – стапка на покриеност со ликвидност (Liquidity Coverage Ratio – LCR).

Меѓу другото, со донесената одлука се воведуваат значајни новини во врска со стапката на покриеност со ликвидност на банките, што претставува сооднос помеѓу висококвалитетната ликвидна актива и нето паричниот одлив и се пресметува на месечно ниво, врз основа на состојбата на крајот на секој месец.

Со оглед на новините кои се воведуваат со Одлуката и потребата за соодветно приспособување на системите на банките кон новите барања, од Народната банка таа ќе се применува од почетокот на следната година. Со отпочнување на примената на Одлуката и воведувањето на стапката на покриеност со ликвидност, ќе престане обврската за банките за утврдување и одржување на постојните стапки на ликвидност до 30 и 180 дена.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе