„Процесот на изборите денеска се одвиваше мирно и без инциденти и верувам дека нема има проблеми. Изразуваме благодарност на секој гласач што ја избра европската иднина, но воедно ги осудуваме обидите од страна на опозицијата која со лажни вести сакаше да сее паника и страв“, рече Адеми.
„Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историски триумф на овој сенароден референдум, кој ќе ја запечати европската иднина на земјата. Враќање назад нема да има, народот го кажа својот збор и ние ке останеме верни на волјата на граѓаните. Победата е наша и на сите вас кои кажавте НЕ на Русија, ДА за Европа. Масовното учество на граѓаните ќе биде одлучувачко за натамошното унапредување на демократијата“, рече Адеми.
На новинарско прашање дали Европскиот фронт повикуваше на бојкот на изборите, Адеми рече:
„Имавме сооппштение дека Европскиот фронт остави на граѓаните да изберат дали ќе гласаат за избор на претседател на државата. Тоа според бројките за излезноста се гледа, има помала излезност на претседателските во однос на парламентарните избори, но таа не е одлучувачка. Имало наши поддржувачи кои гласале, и има поддржувачи кои не гласале за претседателските избори“.
Адеми наведе дека гласале на изборите лидерот Ахмети, премиерот Џафери, заменик министерот за внатрешни работи, без да каже дали тие гласале и на двојните избори.
На прашањето дали тој лично гласал за претседателските избори, Адеми одговори:
„Јас не гласав“.