Квалитет потврден и во светски рамки

Градежната компанија АК–Инвест од Тетово доби престижна награда: Златна круна на квалитетот

Во светот на успешните нема место за импровизации и други калкулации. Во светот на бизнисот добиваш ако си стекнал доверба кај клиентите со квалитет, со доследност, со умешност и со знаење. Синоним за таква успешна приказна е АК – Инвест“, реномираната тетовска градежна компанија, која неодамна се закити со престижната златна статуетка „Круна на квалитетот“, која годинава се додели во Женева во силна конкуренција на светски познати компании од над 170 земји. Признанието од БИД (Business Initiative Directions) глобална организација за регистрирање на квалитет му беше врачено на сопственикот на компанијата Азби Ибрахими на петнаесеттата по ред конвенција „Вековен меѓународен квалитет“ (Century International Quality), која се одржа во Швајцарија на 9 и на 10 март 2013 година. Наградата е уште еден доказ дека „АК – Инвест“ од Тетово е компанија во која квалитетот на производите и услугите секогаш се на првото место, а задоволството на клиентите основен двигател во сите досегашни и идни проекти на компанијата. Женевската „Круна на квалитетот“ градежната компанија „АК- Инвест“ ја вбројува во една од најпрестижните фирми во градежништвото не само во Македонија, туку и многу пошироко во регионални и меѓународни рамки затоа што златната награда е доделена врз основа на гласовите од сите добитници на претходните награди. Со еден збор кажано, најдобрите го избираат најдобриот во квалитетот, во иновацијата, во работењето.

За да се добие „Круната на квалитетот“ пресудни се задоволството на клиентите, врвната технологија, најдобрата практика, општествено одговорните активности, одличните бизнис-резултати и поседувањето на сертификати за квалитет. Одлуката за доделување на наградата е базирана на критериумите според принципот на моделот QC100 TQM (Тотален менаџмент за квалитет). Тоа значи дека треба да се исполнат следниве критериуми:

 Задоволство на клиентот

  • Комуникациски стратегии
  • Бенчмарк
  • Анализа на информации и податоци
  • Водство
  • Планирање и донесување одлуки
  • Човечки ресурси
  • Континуиран тренинг и едукација
  • Процес и продукција
  • Финансиски исход
  • Бизнис резултати
  • ISO 9000
  • Тотален менаџмент за квалитет.

Следува ексклузивно интервју со сопственикот на „АК - Инвест“ -  Азби Ибрахими: Во светот на бизнисот нема место за импровизации, успева само квалитетот!

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе