Од ноќеска по полноќ

Горивата со нови цени - на поскапувањето влијае најавата за вакцинација

Дизел горивото и бензинот од 95 октани поскапуваат за 1 денар по литар, додека бензинот од 98 октани и нафтата за домаќинствата ќе се продаваат по цена повисока за 1,5 денари. На светските берзи на покачувањето на цената на нафтените деривати влијание има најавата за глобална вакцинација против ковид-19, а како втора причина која се однесува на Македонија, е порастот на курсот на денарот во однос американскиот долар, информира Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Од 19.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 63,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 65,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 54,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 30,823 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 5,708%, дизелот за 4,285%, екстра лесното масло 4,792 % и мазутот 4,588%.

„Охрабрувачката имунизација со вакцините против ковид-19 и ефектите од договорот на ОПЕК за ограничување на производството во следните месеци се клучните причини поради кои минатата недела берзанските цени на сите нафтени деривати се зголемија – и тоа е едниот фактор кој влијае директно врз денешната одлука. Вториот фактор е зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот. По двомесечен постојан пад, за прв пат се регистрира зголемување на курсот на денарот во однос на доларот и просекот на истиот е за околу 0,845% повисок од просекот на курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка", изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе