Од вечер на полноќ

Горивата поскапуваат за еден до 1,5 денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи да се зголемат малопршдажните цени на нафтените деривати за 1,95%, односно за еден до 1,5 денар.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека  малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,50 денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.

Од вечер на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе чини 65,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 67,5 денари за литар, а Еуродизел (Д-Е V) за 56 денари за литар.

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 45 денари за литар, а мазутот М-1 НС 35,396 денари за килограм.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе