Од вечер на полноќ

Горивата поскапи за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи за се зголемат цените на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % и ќе се продаваат за половина денар поскапо.   

Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.

Бензинот Еуросупер БС-95 од вечер на полноќ ќе се продава по 67,5 денари/литар, Еуросупер БС-98 по 69,5 денари/литар, а Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 60 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе