Регулаторна комисија за енергетика

Горивата поевтинуваат за 2,5 до три денари

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,17, односно за 5,51 отсто.

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,5 денари за литар и новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 60,5 денари за литар.

Дизел горивата поевтинуваат за три денари за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 55, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 43,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за за 2,227 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 25,949 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 9,38 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,274 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе