Регулаторната комисија за енергетика

Горивата поевтинуваат до три денари од ноќеска на полноќ

Со  одлука на Регулаторната комисија за енергетика, горивата ќе поевтинат за 3, односно за 2,5 денари по литар.

Според новиот ценовник, бензинот „Супер 98" поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар, а за исто толку се намалува и „Супер 95" и литар ќе чини 66,50 денари.

Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60,00 денари за литар.

Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг  така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18 проценти.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе