Од ноќеска на полноќ

Горивата поевтини за 2,5 до 3 денари за литар

Регулатроната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на цените на горивата, па од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 3 денари помалку, а останатите горива ќе бидат поевтини за три денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 105,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 108, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 101, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 99,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,085 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 51,564 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек за 5,021 отсто кај бензините и за 4,102 отсто кај дизелот, додека  курсот на доларот во однос на денарот е повисок за 0,508 отсто.

 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе