Горан Сладиќ – нов генерален директор на Пивара Скопје

Од 1 септември 2020 функцијата генерален директор на Пивара Скопје ја извршува Горан Сладиќ. Тој на оваа позиција доаѓа по Дан Тимотин, кој е унапреден во генерален директор на Кока-кола ХБЦ за Чешка и Словачка.

Горан Сладиќ, новиот генерален директор на Пивара Скопје, е искусен менаџер кој ја започнал својата кариера во Кока-кола ХБЦ во Хрватска во 2003 година. Пред доаѓањето во Пивара Скопје, тој беше на позицијата регионален директор за продажба на Кока-кола во Нигерија, што ја извршуваше од 2017 година. За време на неговиот ангажман во Нигерија компанијата постигна рекордни продажни резултати и беа воведени многубројни иновативни решенија кои ги унапредија продажните капацитети. Благодарение на неговата посветеност на развојот на човечките потенцијали, тој создаде силен тим во кој неколку компаниски таленти беа развиени и унапредени. Пред преземањето на функцијата во Нигерија, Сладиќ бил одговорен за сегментот на премиум жестоки пијалаци на Кока кола во Југоисточна Европа.

„Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е новиот голем предизвик за мене, кој ми дава голема енергија и ме инспирира да почнам ново развојно поглавје. Можам да гарантирам дека ќе бидам посветен на поддршка и забрзување на силната агенда на континуитет на она што Пивара Скопје како компанија го има вложено досега и сѐ работело посветено за да се оствари. Агендата на континуитет ќе се темели на три главни столба. Првиот секако е силната традиција на Пивара Скопје, вториот е фокусот на иновациите и градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности и можности на нашите брендови, а третиот столб ја претставува нашата апсолутна посветеност кон луѓето и развојот на талентите“, изјави Сладиќ, веднаш по стапувањето на функцијата.

Извонредните резултати што досега ги остварил Горан Сладиќ, извршувајќи различни раководни функции во системот на Кока-кола, дополнети со неговата стручност, посветеност и способност за мотивирање на сите членови на тимот да го дадат својот максимум, претставуваат гаранција дека со неговото лидерство Пивара Скопје ќе продолжи со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот и високото ниво на доверба и задоволство на потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти значајни за заедницата.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе