Голема наградна игра на Супер Кит-го, Кит-го и Тера маркети, три автомобили во три извлекувања

Три автомобили Шкода фабија, девет инвертер клима уреди, и по исто толку ЛЕД смарт телевизори, лаптопи, таблети, велосипеди и 90 вредносни ваучери од 3.000 денари е вкупниот награден фонд на наградната игра „Во Супер Кит-го, Кит-го и Тера сметки прави и Шкода фабија ќари!” што започнува денеска. Наградната игра ќе трае до 25 август а во текот на одвивањето ќе има три циклуси за извлекување и наградување, секое со еднаков награден фонд.

„Ја организираме наградната игра со цел да им понудиме на нашите потрошувачи пријатни изненадувања и вредни награди. Годините наназад со потрошувачите создадовме цврсти релации базирани врз квалитетна услуга и оправдана доверба. Во духот на оваа взаемна лојалност е и наградната игра, и затоа е конципирана едноставно и лесно, за секој да учествува и да добие можност за некоја од бројните вредни награди”, велат од Кит-го дооел Штип.

За учество во наградната игра потребно е да се соберат 3 купони и да се залепат на летокот што се добива на каса во некој од маркетите Супер Кит-го, Кит-го и Тера. Еден купон се добива со секоја сметка над 500 денари направена во кој било од маркетите што се дел од наградната игра, а летокот пополнет со 3 купони и со личните податоци, се остава во означените кутии во некој од маркетите. Бројот на испратени летоци не е ограничен.

Наградните извлекувања ќе се одвиваат во три циклуси со еднаков фонд награди, првото извлекување е на 2 јуни (среда), второто извлекување е на 14 јули (среда) и трето, последно извлекување е на 25 август (среда). Извлекувањето ќе биде емитувано јавно на национална телевизија.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе