Голема наградна игра на Стопанска банка а.д. Битола

Во месецот на штедењето - октомври, Стопанска банка а.д. Битола ја започнува својата голема наградна игра ,,Вреди да се штеди''!

Наградната игра трае од денеска до 31 јануари 2021 година. Главната награда е Цитроен Ц1, а се доделуваат и x2 MacBook Air 13’’ и x3 iPhone 11.
За да се стекнат со право за учество во наградната игра, сите постоечки и нови клиенти на Стопанска банка а.д. Битола во периодот од 16 октомври до 31 јануари 2021 ќе мора да направат ново орочување на средства во банката, со минимален влог во противвредност на 1.000 евра, а максимален влог во противвредност до 30.000 евра во која било валута на период еднаков или подолг од 12 месеци, без можност за предвремено разорочување. Односно, постоечките или новите клиенти на банката ќе треба да се одлучат за некој од депозитните производи од каталогот на производи на банката, по важечките каматни стапки во моментот на орочување.
Еден клиент во периодот на траење на наградната игра може да склучува со банката повеќе од еден договор за орочување со минимален влог во противвредност на 1.000 евра, а максимален влог во противвредност до 30.000 евра во било која валута на период еднаков или подолг од 12 месеци, со што се зголемува неговата можност за добивка при извлекувањето. Во овој период, не влегуваат во игра депозитите кои автоматски се реорочуваат.
Извлекувањето на наградната игра е на 8 февруари 2021 година.

 Комерцијален текст

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе