Годишно собрание на акционери на Комерцијална банка, нето добивка од 2.304 милиони денари

Комерцијална банка АД Скопје вчера го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое акционерите кои поседуваат 54% од акциите со право на глас учествуваа и гласаа преку писмена кореспонденција, a со цел почитување на мерките за спречување на ширење на ковид-19.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2021 година со бруто-добивка во износ од 2.504,6 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 200,2 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 2.304,4 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 2.304,4 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 62% од номиналната вредност на акцијата, односно по 620 денари за една акција. Исплатата на дивидендата ќе започне на 27 април.

Заради зголемување на вкупниот капитал и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија 671,3 милиони денари од добивката да се издвојат во резерви. Дел од добивката, односно 220 милиони денари се распределуваат во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2022 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2021 година, како и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2021 година.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе