На владината седница

Годинава за поддршка на туризмот Владата издвои 31 милион денари

Премиерот Зоран Заев на својата фејсбук страница напиша дека поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома" дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети и дека статистиката покажува дека во минатата година, во споредба со 2019 година е зголемен бројот на ноќевања во планинските и рурални центри. Годинава поддршката на туризмот ќе биде изразена со 31 милион денари.

„Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни, кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од шест отсто за домашните туристи и од девет проценти за ноќевањата, во споредба со 2019 година. Во Берово имаме покачување од 29 отсто на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година“, наведува Заев.

Според него, отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот, благодарение и на зелените коридори кои земјава ги воспостави со Србија и Албанија.

„Ова покажува дека имаме потенцијал за развој на еко-туризмот и руралниот туризам. Во 2021 продолжуваме со интензивна поддршка преку Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година. Предвидени се 31.000.000 денари“, истакнува премиерот.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе