Глобалното затоплување и даноците најголеми проблеми за пчеларите

Пчеларите се борат со пореметените климатски услови за да се создадат мед, а проблем им е и повисокиот данок кој треба да го платат за разлика од другите земјоделци, порачаа производителите од Тетово каде се собраа на доделување на награди за квалитет на мед.

Зафир Зафировски производител од Прилеп вели дека поради времето попусто има е целогодишната работа и може да немаат мед.

„Најголемиот проблем се климатските услови и глобалното затоплување. Се бориме, како знаеме, секоја година не е иста, многу е оскудна со паша, немаме доволно култури од кои се надеваме дека ќе собереме повеќе од самите култури. Се трудиме со селење, но не ни помогаат временски услови, некогаш остануваме само со работа без принос на мед“, рече Зафировски.

Според Зафировски субвенциите за пчеларите се добри за поддршка, но главниот проблем е повисокиот данок кој го плаќаат за набавка на опрема.

„Би ги пофалил мерките за субвенции и нивното зголемување и програмата за рурален развој. Сепак добро би било кај данокот на додадена вредност за набавка на опрема да се намали износот од 18 проценти на пет проценти како што е на пример кај оние кои купуваат трактори. Нема да го оштетиме буџетот бидејќи немаме значителни потребни не скапа опремата, како оние пример кои земат трактор. Ние со 5-10 илјади евра ќе имаме инвестиција за нареднте пет до 10 години“, вели Зафировски.

Дритон Дикена од Здружението „Градот на пчелите“ истакна дека има простор за уште поголемо производство на мед.

„Треба да се здружиме, да ги користиме мерките од Министерството, да има количини, да го пораснеме бројот на пчелите и така ќе може да конкурираме. Македонија има добри услови за пчеларство, да се зголеми број на пчели и со добар кавалитет мед да излезе на надворшените пазари“, вели Дикена.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски потенцираше дека здружувањето на пчеларите може да придонесе за побогато производство и поширок пласман на надворешните пазари.

„Има извоз но секогаше не е доволно ако може да биде подобро. Секако климатските промени се една негативна работа која влијае најмногу на пчелите. Затоа покрај конкуретноста треба и едукација на самите пчелари бидејќи борбата на презимување на пчелните семејства е една од клучните, а се појавуват и нови болести. Нивната заштита и организиран третман и настап преку здруженија за малите пчелари кое верувам дека ќе прерасне во задругарство еден ден на следно ниво ќе овозможи токму домашниот мед да биде подобро познат за надворешн пазари“, рече Димковски.

Во државата се бројат околу 242 илјади пчелни семејство кои ги одгледуваат над шест илјади пчелари.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе