„Гло“ производот на БАТ за загревање на тутунот има сличен ефект врз биомаркерите на пушачите како и при престанокот со пушење

Во „Журнал за интерна и итна медицина“ се објавени резултатите од истражувањето со кое се докажува дека пушачите кои од цигари преминуваат исклучиво на „гло“, водечкиот производ за загревање на тутун на „БАТ“, може значително да ја намалат изложеноста на одредени штетни материи и индикатори кои се поврзуваат со одредени болести поврзани со пушењето, во споредба со продолжувањето со пушење.

Резултатите регистрирани во текот на 6 месеци, во 12-месечната студија, покажаа дека целосниот премин кон „гло“ резултираше со статистички значајни промени во низата на „биомаркерите на изложеност“ (BoE) и во однос на потенцијалните индикатори на штета, познати како „биомаркери на потенцијална штета“ (BoPH), во споредба со продолжувањето со пушење.

Во однос на повеќето од биомаркерите мерени во текот на студијата, кај испитаниците кои користат „гло“ биле откриени намалувања слични на оние што биле утврдени кај учесници кои целосно престанале да пушат.

„Ова се возбудливи резултати затоа што ни овозможуваат да го разбереме потенцијалот на намалување на ризикот што може да го има целосниот премин кон „гло“. Студијата покажува дека пушачите кои преминуваат на „гло“ може да ја намалат својата изложеност на одредени штетни материи, со што се намалува ризикот од појава на одредени болести поврзани со пушењето. Значителното намалување на вредностите на BoPH, кое може да се спореди со целосно одвикнување, претставува вистинско охрабрување и обезбедува дополнителна научна основа на аргументот дека „гло“ придонесува кон концептот на намалување на штети и со тоа ја поддржува нашата амбиција да постигнеме подобро утре со намалување на влијанието на нашата дејност врз здравјето“, рече Д-р Дејвид О'Рајли, директор за научно истражување на БАТ.

Врз основа на измерените токсини, корисниците на „гло“ во студијата демонстрираа:

значително намалување на биомаркерите на ризик од рак на белите дробови; значително намалување на бројот на бели крвни клетки, воспалителен симптом што укажува на ризик од кардиоваскуларни заболувања и други болести поврзани со пушењето; подобрување на холестеролот ХДЛ, поврзан со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања; подобрувања на два клучни показатели на здравјето на белите дробови; подобрување на клучниот показател на оксидативниот стрес, процес кој се јавува кај неколку болести поврзани со пушењето, како што се кардиоваскуларните болести и хипертензијата.

Учесниците во оваа едногодишна рандомизирана контролирана студија беа пушачи од Велика Британија на возраст од 23 до 55 години, со добро општо здравје, кои или имаа престанато или сакаа да се откажат од пушењето. Пушачите кои немаа намера да се откажат беа групирани на таков начин што или продолжија да пушат цигари или се префрлија на употреба само на „гло“, додека пушачите кои посочија дека сакаат да се откажат добија терапија за замена на никотин и пристап до советник за откажување од пушење. Исто така, вклучена беше и група на непушачи, кои беа во улога на контролна група и продолжија да не користат производи од тутун или никотин.

Оваа студија е осмислена така што да може да го истражи потенцијалот за намалување на ризикот од употреба на „гло“ во реални услови, а не во контролирана средина. Единствената интервенција беше месечната посета на клиниката, при што на учесниците им се земаа примероци од крв и урина и се вршеа други испитувања. Примероците се тестираа во однос на „изложеноста на биомаркери“ (за избрани штетни компоненти на чад од цигари) и во однос на „потенцијално штетните биомаркери“. Покрај тоа, за да се обезбеди усогласеност, групи на корисници на „гло“ и на оние кои престанале да пушат беа тестирани во однос на биомаркерот ЦЕВал, кој покажува дали неодамна пушеле цигари.

Понатамошните резултати од студијата ќе бидат готови до крајот на 2021 година и ќе утврдат дали намалената изложеност на штетни материи и биомаркери на потенцијална штета се одржува во текот на целата студија.

Комерцијален текст

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе