Говорејќи за 500 милиони евра бесповратни средства од ЕУ во инвестиции во инфраструктурата, Фор ден Лајен спомена три проекти – Трансбалканскиот струен коридор од Италија преку Србија до Бугарија, изградбата на нова енергетски ефикасна Универзитетска детска болница и изградба на Гасен интерконектор меѓу Србија и Македонија.
„Господине претседателе, вие ми објаснивте дека тоа е многу важно, а тоа е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, со што регионот ќе се комплетира. Сето тоа е во нашите проекти,“ изјави Фон дер Лајен.
Вучиќ на претседателката на Еврокомисијата и пренесе дека за Србија е многу важна оваа интерконекција и дела треба да се изградат околу 70 километри гасовод кон Македонија од српска страна, а земјава да изгради уште 23 километри.
„Јас молам за овој проект, кој комесарот Оливер Вархеји и претседателката на ЕК, Урсула, веќе го прифатиле со Северна Македонија. Многу ни е важно со ова да стартуваме што поскоро, бидејќи денес во Скопје постои гасна електрана и ние и да имаме гас, не можеме директно да одиме со Македонците, туку преку Бугарија, па комплетен реверсен дел да правиме со нив и сето ова ни е многу важно,“ изјави Вучиќ.
Тој додаде дека во иднина Србија мора да се поврзе и со Црна Гора и со БиХ и Република Српска и да тоа ќе биде можно по изградбата на гасната интерконекција со Македонија.
„И тогаш ќе можеме да се поврземе и со Албанија и со Грција со ЛНГ терминалот за течен природен гас, како и со други извори. Тогаш ќе бидеме во многу подобра позиција кога станува збор за диверзификација на изворите на снабдување и особено за поврзување со гасоводите ТАП и ТАНАП и другите ЛНГ терминали,“ рече Вучиќ.
Тој потсети дека Србија ќе може да добива гас преку ЛНГ терминалот во Александрополис на северот на Грција.
Вучиќ на претседателката на ЕК Лајен и порача дека според предвидената цена, изградбата на гасната интерконекција меѓу Србија и Македонија ќе чини повеќе од 70 милиони евра.
Тој додаде дека соседните земји треба да си помагаат меѓусебно кога е во прашање гасот.