Економска анализа

ФТ: Петтиот владин пакет за помош е подобро осмислен од претходните мерки

Петтиот пакет мерки поврзани со кризата со ковид-19 е комбинација од мерки кои ги амортизираат загубите и стимулираат економско закрепнување, додека пак, самото објавување на пакетот може да создаде позитивен сентимент во економијата. Соодветната реализација е клучна за ефективноста на мерките поради што апелиравме во почетокот на јануари 2021 дека брзоплетото донесување следен пакет мерки без да се има предвид капацитетот за реализација на претходните и новите мерки, носи ризик од нецелосни резултати, наведуваат од Фајненс тинк.

Според Фајненс тинк, во споредба со претходноте пакет мерки, петтиот е осмислуван во подолг период со цел да одговора со тековната фаза на економијата.

Од Фајненс тинк сметаат дека субвенционирање плати '14.500 МКД по работник' и бескаматни кредити насочени кон најпогодените е рано да се укине и ја поздравува одлуката да ја продолжи мерката за февруари и март 2021 година. Наведуваат дека според нивните пресметки од 14 јануари, опфатот на мерката ќе биде околу 68.000 работници, со месечен трошок од 16.7 милиони евра, односно 33.3 милиони евра за двата месеца, што е во линија со проекциите на Владата. Притоа, под претпоставка дека процесот на вакцинирање значајно ќе напредува до јуни 2021, мерката за платите ќе треба да се смета и за последна.

Исто така сметаат дека исклучивоста помеѓу мерките „субвенции за плати од 14.500 МКД по работник" и „бескаматни кредити за најпогодените сектори" е соодветна. Но, укажува дека двете мерки не се неопходно целосно заменливи. Сметаат дека бескаматните кредити се однесуваат повеќе на фазата на закрепнување, фаза во која сѐ уште не се наоѓаат значаен дел од компаниите во туризмот и угостителството и дел од компаниите во некои гранки од преработувачката индустрија (кои тргуваат со земји кои се сѐ уште во значаен локдаун). Бескаматните кредити би предизвикале поттик во унапредувањето на технолошкото ниво, посебно кај извозниците во преработувачката индустрија. Дополнително, сметаат, бескаматни кредити како замена за поддршка на платите може да се понудат само со исклучително строга контрола на трошењето на тие средства за задржување на работниците, за што државата ќе треба да потроши многу ресурси (интензивен ангажман на Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд), но без гаранција за крајниот ефект.

Од Фајненс тинк ја поздравуваат мерката за укинување и намалување на царински стапки и ревидирање на Царинскиот тарифник, а оваа мерка во иднина би можела да биде надополнета со укинување или намалување на увозни давачки за набавки на машини и опрема, што дополнително би ги зголемило инвестициите и конкурентноста на компаниите.

Фонд за поддршка на извозни компании, грантови за технолошки развој преку ФИТР, кредитни гаранции за мали и средни компании и мерки за дигитализација, според ФТ се исклучително значајни, со оглед дека содржат развојна компонента.

Мерките за дигитализација пак, треба да го искористат притисокот од пандемијата врз компаниите да имплементираат долгорочни решенија за овозможување „работа од дома", онлајн продажба и друго.

За предвиденото простување долгови Фајненс тинк укажува на потребата од голема внимателност при дизајнирањето на ваков тип мерки.

Ваквите мерки може да го променат однесувањето на примателите на помошта во поглед на нивната зависност од неа и нивно идно поризично однесување очекувајќи дека повторно ќе добијат ваква помош", стои во соопштението.

Во однос на мерката за поддршка на тутунари и извозници на грозје сметаат дека парцијалната поддршка на земјоделците создава погрешни очекувања за постојана компензација на незадоволството од пазарните услови кај одделни групи производи, за коишто пак и не постои гаранција дека се тесно и директно поврзани со ковид кризата.
Од ФТ порачуваат дека наместо тоа, кон фактот дека земјоделскиот сектор беше еден од најпогодените од кризата треба да се пријде со прилагодување на тековните мерки, за тие да ги опфатат и земјоделците, особено мерката „14.500 МКД по работник", како и кредитните гаранции, фондот за извозници и евентуално воспоставување еднократни грантови за мали земјоделски стопанства.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе