Форум за мапирање на енергетската иднина

Во Скопје денеска почнува дводневниот „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина“ на којшто ќе се дискутира за важноста на енергетиката, како и за предизвиците на одржливиот развој.

Воведно обраќање на Форумот ќе има премиерот Зоран Заев, а покрај него ќе говорат и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, шефот на Делегација на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир и директорот на ЗИП Институт, Агим Селами.

На Форумот ќе учествува и министерот за економија Крешник Бектеши, кој ќе биде говорник на панелот насловен „Придонесот на Западен Балкан кон Зелениот договор на Европската Унија“.

Предвидено е на Форумот да се одржат засебни панел-сесии на кои креаторите на политиките, лидерите на енергетските компании и експерти од оваа област од целиот свет ќе дискутираат за важноста на енергетиката, како и за предизвиците на одржливиот развој.

Форумот традиционално се одржува четврта година по ред во организација на ЗИП Институтот, Владата и Амбасадата на САД во земјава.  

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе