Форум и бизнис средби на македонски и австриски компании во Виена

Во организација на Виенскиот економскиот форум, во главниот град на Австрија се одржува дебата за новите перспективи на нашата земја во пресрет на очекување на добивање Датум за преговори со Европската унија во периодот јуни/јули и во период на ратификација на договорот за членство во НАТО, кој е веќе ратификуван во 13 од 29 земји членки на Алијансата.

Политичката порака е значајна основа за економски чекори, бидејќи без политичка поддршка невозможен е економски прогрес, е пораката од Форумот во Виена, организиран со фокус на перспективите на нашата земја во регионот на Западен Балкан.

Во поздравното обраќање премиерот на Владата Зоран Заев посочени дека Северна Македонија има потенцијал за нови вложувања, со порака до австриските компании да инвестираат во нашата земја, која нема отворени билатерални прашања со соседите.

Австрија е значаен инвеститор не само во Македонија туку и во регионот на Западен Балкан. Повеќе австриски компании се присутни во Македонија, во електроенергетскиот сектор („ЕВН Македонија“), банкарскиот и финансискиот сектор (Шпаркасе банка), телекомуникацискиот сектор („ВИП“, „Телеком“), градежништвото („Соравија Груп“), во осигурителниот бизнис итн.

Инаку, обемот на трговска размена за 2018 година меѓи Македонија и Австрија е 320,9 милиони долари, со зголемување од 56,3% споредено со 2017 година. Извозот има зголемување од 133%, додека увозното салдо зголемување од 15,4%.

Во 2018 година евидентиран е позитивен биланс во трговската размена од 11,23 милиони САД $.

Австрија минатата година е 13-ти трговски партнер на Македонија.

Потенцирајќи го значењето на Австрија како наш партнер, заменик претседателот на Владата Кочо Анѓушев пред присутните претставници од политичкиот и економскиот сектор порача дека е право време да се инвестира во Македонија. Секој кој има претприемачки дух треба да ја препознае нашата земја како потенцијал за инвестирање, бидејќи земјата има стабилна политика, поддршка на бизнисот, стабилен деловен амбиент.

Има перспектива за развој во повеќе значајни сектори во нашата земја, во земјоделско прехранбениот сектор, металниот, градежништвото.

Анѓушев посочи дека за земјата од исклучително значење се инфраструктурните вложувања ставајќи акцент на изградба на железницата долж коридорот 8. За таа цел заменик премиерот Анѓушев на Форумот прати порака до градежните компании да учествуваат во градежните активности кои се планирани во земјата.

Беше ставен акцент и на енергетскиот сектор. Денеска производството на електрична енергија е во главно преку РЕК Битола користејќи јаглен кој е ограничувачки ресурс.

Земјата користи и гас во одредени количини, а во функција е и топланата ТЕТО, вели Анѓушев. Генерално нашата интенција како држава е развој на производство на енергија од обновливи извори.

Министерот за финансии Драган Тевдовски информираше за можностите за инвестирање од економски аспект и за рејтингот на државата како дестинација за инвестирање.

Министерот за образование Адеми стави акцент на реформите кои се планираат во насока на воведување на дуално образование во средните технички училишта.

На Форумот учествува и Јоханес Хан кој оствари и средба со премиерот Заев, во пресрет кога земјата очекува добивање Датум за преговори со Европската унија во периодот јуни/јули.

На форумот кој е специјално организиран за Македонија предвидени се и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Од Македонска страна присутни се компании од енергетскиот сектор, банкарството, градежништвото.

Вирна економски форум два пати во годината организира настани на кои се става акцент на регионот на Западен Балкан. Овој форум е со акцент исклучиво на перспективите на нашата земја.

Форумот се одржува во седиштето на „А1 Телеком Австрија“, компанија која следејќи ги последните текови на развој на технологијата има за цел да стане дигитален провајдер на европскиот пазар.

 


На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе