Формирана работна група

Фондот за иновации креира Национална стратегија за вештачка интелигенција

На иницијатива на Фондот за иновации и технолошки развој од денеска работна група ќе учествува во креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата. Во работната група се вклучени домашни експерти, но и Македонци кои се глобално признаени професионалци од оваа област и работат во светски познати компании и универзитети.

„На стратегијата ќе работат Татјана Митевска (Аспиегел СЕ), Бисерка Шемовска (Менаџер за развој на бизнис и раководител на Академијата за вештачка интелигенција, Семос Едукација), Илија Лалковски, (Веб Фактори) Јасмина Мајстороска (Министерство за економија) Никица Кусиникова и Виктор Мирчевски (Здружение Конект), Ѓорѓи Маџаров (МАСИТ), Бардил Јашари (Фондација Метаморфозис), Ангел Џеков и Петар Фидановски (МИОА), Светлана Кордумова (Пиксајл), Христијан Ѓорески (ФЕИТ), Петре Ламески (ФИНКИ), Андреј Дамески и Филип Петровски (Дата мастерс)“, информираат од ФИТР.

Директорот на ФИТР, Коста Петров вели дека вештачката интелигенција ќе биде во фокусот на работата на Фондот и оти неодамна заврши и првиот јавен повик на ФИТР за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција. Следната година предвидено е да се креира посебен инструмент за поддршка на стартап компаниите кои работат со вештачка интелигенција во државата.

„Во целиот процес на креирање на нови иницијативи на оваа тема, ќе биде вклучен и словенечкиот Институт „Јожеф Стефан" со кого ФИТР наскоро ќе потпише Меморандум за соработка“, посочи Петров.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе