Фондот за иновации ја запира соработката со компаниите кои манипулираа со субвенциите

Фондот за иновации и технолошки развој ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош.

Како што информираат, стaнува збор за три активни проекти, од кои за еден се досега исплатени финансиски средства (Гери Ван Симон ДООЕЛ), а кои се предмет на мониторинг од страна на меѓународна ревизорска куќа. За активните проекти на останатите две компании (МСТ Солушн и Лини 08 ДООЕЛ) досега не се исплатени финансиски средства од Фондот.

„Овој чекор следи по објавените податоци од УЈП и Генералниот секретаријат на Владата, што укажуваат на несоодветен однос на овие компании кон работниците, особено во време на глобална пандемија со ковид-19. Истото, сериозно влијае врз угледот, а со тоа и капацитетот на овие компании за реализација на предвидените проекти. Потсетуваме дека капацитетот, како и поширокото влијание на проектите се дел од критериумите за евалуација и доделување на финансиска поддршка од Фондот“, стои во соопштението.

Од ФИТР додаваат дека одлуката во однос на натамошниот статус на овие проекти ќе биде донесена од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот, а по завршување на процедурите пред надлежните институции задолжени за реализација на државната помош за минимална плата.

Фондот за иновации и технолошки развој спроведува строги процедури и механизми за заштита на јавниот интерес и средства, што важи за сите корисници, без исклучок.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе