Флексибилно работно време за новите мајки и општествено-одговорни проекти во домашните компании дел од „Балфин“

Инвестициската групација „Балфин“ од основањето е посветена на промоција на социјалните вредности и грижа за средината и заедницата, а тој став го има пресликано и во сите своите компании, меѓу кои во нашата земја се „Нептун“ и „Ист гејт“. Покрај различните типови на донации насочени кон ранливите категории на граѓани, вработените редовно се вклучуваат и во различни типови акции чија цел е придонес кон општеството.

„Нептун“ е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ, аудио и видео опрема, компјутери, телефони, фотоапарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, а компанијата во моментов брои повеќе од 400 вработени и бројката постојано се зголемува како резултат на отворањето на нови салони. Голем дел од тимот неодамна почна да ја реализира акцијата „Нептун волонтира“ со цел да придонесат кон поздрава и почиста средина.

„Во рамки на акцијата се спроведуваат два типа на активности: доаѓање на работа пешки или со велосипед и чистење на отпадоци во околината на работното место. Сето ова се прави со цел да се подигне свеста за потребата од еколошки активности за заштита на животната средина. Корпоративната општествена одговорност отсекогаш била во фокусот на работењето на ‘Нептун‘. Со ова ги опфаќаме нашите соработници, вработени и околината со активности од кои произлегува поголемо социјално добро“, посочува менаџерскиот тим во компанијата.

 

Бенефиции за вработените, донации за училишта

 

„Нептун“ досега има реализирано голем број донации и подарено опрема во градинки, училишта, за заштита и помош на улични животни, за заедници под социјален ризик или афектирани од елементарни непогоди. 

„Нептун Македонија“ донира и ќе продолжи да донира онаму каде е најпотребно, но би сакале да го споменеме и односот кон вработените и лепезата на бенефиции кои компанијата ги обезбедува како што се: можноста за купување на производи по повластена цена, вредносни ваучери за склучен брак, компаниска картичка за лојалност и кредитна кобрендирана картичка без трошоци за аплицирање и годишна претплата, приватно здравствено осигурување за менаџерските позиции и попусти за истото за сите вработени, како и флексибилно и скратено работно време за мајки на деца до една година по завршување на породилното отсуство. Вклучување на нашите вработени во грижата и одговорноста кон заедницата е она на кое сакаме да ставиме најголема важност“, објаснува менаџерскиот тим на компанијата.

Оттаму посочуваат дека се обидуваат да се одговорни на секое поле, кон компанијата, кон сите засегнати страни и јавноста. Фокусот е ставен на воспоставување и мотивирање на етичкото однесување помеѓу вработените и соработниците за да направат позитивно влијание во економската, социјалната и животната средина.

Општествено одговорни компании во 7 земји

 

Како најголема гордост го издвојуваат компаниските практики насочени кон жените кои по породилното отсуство се враќаат на работното место.

„Одлуката за флексибилно и скратено работно време за мајките на деца до една година важи од јуни 2018 и ни донесе многу позитивен фидбек кај сите вработени и нивните семејства, така што сме многу горди на ова. Фактот дека oттогаш уште неколку мaкедонски компании го следеа нашиот пример нè прави многу среќни. Од останатите активности по големината и бројот на вклучени вработени би ја издвоиле последнава, каде на ниво на цела територија на републиката вработените на ‘Нептун Македонија‘, ‘Сервис Македонија‘ и ‘Нептун Лојалити‘, кои се наши сестрински компании, постигнаа видливост на активности за заштита на животната средина“, истакнуваат од претпријатието.

Корпоративната општествена одговорност односно влијанието на компаниите сè повеќе е во фокус на јавноста. Со оглед на тоа дека економијата во најголема мера ја движат претпријатијата и имајќи го ова предвид, во план е активностите на „Нептун“ на ова поле да одат само во нагорна насока.

Под капата на „Балфин“ се 18 претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат повеќе од 5.000 вработени. Освен во Албанија и во нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија. Секоја од овие компании е фокусирана и општествено одговорна, а четирите столба на кој се потпира фокусот на „Балфин“ се средината, образованието, културата и здравјето. Некои од позабележливите активности се пошумување и чистење на Тирана, донации за голем број на сиромашни и материјално загрозени семејства, иницијатива за луѓе со попреченост да се вработат во групацијата „Балфин“ итн.

„Балфин“ е една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот, која е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ неодамна заедно со нашата Комерцијална банка го комплетираше купувањето на Тирана банк.

Комерцијален текст

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе