ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за „старт-ап“ и „спин-оф“ компании

Поради зголемениот интерес, особено од студенти и млади од целата држава, рокот за аплицирање за јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ е продолжен за дваесет дена односно до 15 март.

Одлуката следи откако до Фондот беа испратени повеќе писмени барања од студенти и млади од целата држава за продолжување на рокот за аплицирање, а за интересот во однос на овој инструмент за финансиска поддршка на Фондот, зборува и фактот дека досега се преземени над 750 апликациски пакети.

Јавниот повик е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со реален план за комерцијализација.

Преку овој инструмент се обезбедува финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија и имплементирање на иновативни решенија, како и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст.

Целта на овој повик, меѓу другото е што повеќе млади луѓе своите идеи да ги преточат во бизнис, да отворат свои компании и да аплицираат.

Вкупниот буџет за повикот изнесува еден и пол милиони евра, а преку овој инструмент е предвидено кофинансирање од ФИТР најмногу до 85% од вкупниот буџет за проектот, односно максимален износ од 30.000 евра. Преостанатите 15% од средствата треба да бидат обезбедени од компаниите. 

Во периодот до истекување на рокот за аплицирање, за домашните компании ФИТР обезбедува користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе