ФИТР и Стопанска банка – Скопје го олеснуваат финансирањето на иновативните компании

Олеснет пристап до финансирање за за сите микро, мали и средни претпријатија, овозможени се преку Меморандумот за соработка кој го потпишаа Фондот за иновации и технолошки развој и Стопанска Банка АД Скопје.

Можностите се однесуваат на корисници на кофинансирани грантови на ФИТР, кои имаат потреба за дополнителна финансиска поддршка, како и за компании кои аплицирале на некој од повиците на ФИТР, а не биле одобрени за финансирање од Фондот.

„Пред неколку месеци суштинската соработка на ФИТР со банкарскиот сектор беше само идеја, а денес со шестте најголеми банки во државата им го олеснуваме развојниот пат на македонските стартапи и заеднички придонесуваме за развојот на домашната економија. Верувам дека преку партнерството на ФИТР со Стопанска банка АД - Скопје, ќе ја зголемиме бројката на новите стартап компании и ќе ги поттикнеме инвестициите, со крајна цел да започнат бизнис во нашата земја а да бидат успешни на светските пазари. Предлог проектите кои ги добиваме на јавните повици покажуваат дека имаме голем мотив  да продолжиме интензивно да работиме на потребите на стартап заедницата и изнаоѓање решенија за полесно пласирање на нивните идеи”, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Пакетот на банката нуди основна и наменска трансакциска сметка за вршење плаќања во домашниот платен промет без надомест за отвaрање на сметка, дозволено пречекорување на денарска сметка со минимална провизија за одобрување, пристап на и-банкинг и м-банкинг сервиси и повластени провизии за трансакции преку и-банкинг сервисот до 70% пониски од оние на шалтер но и Виса (VISA) бизнис картичка без надомест за годишна членарина за првата година од користењето. Дополнително банката може да понуди и кредитни линии, краткорочни и среднорочни кредити за финансирање на обртен капитал, долгорочни кредити за финансирање на инвестиции со промотивни услови како и посветен советник за бизнис клиентите.

„Потпишувањето на Меморандумот за соработка со ФИТР не радува затоа што силно веруваме во претприемачкиот дух, во иновативноста на нашите сограѓани и во потенцијалот за локален но и за глобален раст. Нашата улога како системски значајна банка е токму да бидеме двигатели на економијата. Оттука, покрај поддршката за големи развојни проекти, Стопанска банка АД - Скопје е исто така посветена на поддршка и охрабрување на малите и средните компаниии за целосно да ги остварат своите амбиции, се разбира преку здрави финансиски совети и соодветно прилагодени производи и услуги. Нашата речиси 80 годишна традиција, нашето богато искуство и експертиза се начин за остварување на силна синергија со плановите и проектите на иноваторите за испорачување на одлични крајни резултати. Затоа, ги повикуваме заинтересираните да им пристапат на нашите Референти за мал бизнис во филијалите и да побараат практичен совет и финансиско решение прилагодено на нивните потреби. На овој начин, Стопанска банка АД – Скопје останува постојано на ваша страна”, информираат од банката.

ФИТР и Стопанска банка ќе организираат и едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании, зголемување на финансиската писменост со цел олеснување на пристап кон финансиски средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе