ФИТР до 3 јули го продолжи рокот на јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на ковид-19

До 3 јули се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за брзо прилагодување на ковид-19, соопшти денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), а апликации ќе може да се поднесуваат до 14:00 часот.

„Овој повик е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење, а рокот се продолжува поради голем интерес и над 2.000 симнати апликациски пакети, на барање на домашните компании, но и поради зголемен прилив на апликации на последниот ден за аплицирање поради што настануваат и технички проблеми“, пишува во соопштението од Фондот.

Иницијалниот буџет на јавниот повикот е 200 милиони денари. Финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1,5 милиони денари за мали и до три милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70% од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30 отсто се средства кои ги обезбедуваат самите компании.

Средствата може да се наменат за инвестиции во дигитализација и ИТ системи, реорганизација на работата, унапредување на производите и услугите, набавка на опрема, како и заштитни мерки за работниците. Со мерката се опфатени компании што во последните две години од работењето немаат регистрирано загуба, освен старт-ап компании до три години постоење, кои се изземени од овој услов. Оваа развојна мерка е подготвена во соработка со Светската банка.

Новина во повикот се и критериумите за оценување, во делот на поттикнување на учество на компании со жени во управувачката односно сопственичката структура. Исто така, посебен систем за бодување е предвиден за компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе