ФИТР: 158 предлог-дигитални решенија на јавниот повик „Креатон“ за справување со последиците од ковид-19 одат во финална селекција

Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик „Креатон" наменет за креирање дигитални алатки и решенија за справување со последиците од ковид-19.

Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видеопрезентација (pitch) пред комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог-иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ-платформи за приспособување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација, имаат рок од 15 дена да бидат функционални.

Дополнително, се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови по прекинот на превентивните мерки поврзани со вирусот ковид-19 како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ од апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од ковид-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја како дополнение на пакет- економските мерки на Владата.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе