Фирмите што ги нуди Мицкоски нека ги достават понудите, одговори директорот на ЕСМ

Jавно го повикувам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ги информира сите тие компании за кои вели дека има индикативни понуди, а кои биле со важност од една недела, во текот на следните неколку денови, но не подоцна од среда, да ги комплетираат понудите и да ги достават до АД ЕСМ, изјави денеска директорот на компанијата Александар Ковачевски како реакција на вчерашните изјави на Мицкоски дека на Владата ѝ нуди решенија.

„Изминатиот период, а особено вчера лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со кои што државата ќе заштеди 300 милиони евра. Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена“, рече директорот на ЕСМ.

Тој го повика Мицкоски да ги информира фирмите од кои има индикативни понуди, своите понуди да ги достават до АД ЕСМ и ги наведе условите кои треба да ги исполнат: 

- технички карактеристики на енергенсот (мазутот или природниот гас),
- да ги имаат сите сертификати,
- да ги имаат сите потребни лиценци,
- да имаат обезбедени количини (250.000 тони мазут и 250.000.000 нормални метри кубни природен гас),
- да имаат договори со испорачатели,
- да имаат обезбедено транспорт до производните капацитети (мазутот до ТЕЦ Неготино, РЕК Осломеј и РЕК Битола, а природниот гас до ТЕ-ТО и топланите во Скопје)
- да имаат динамика на испорака согласно производниот план
- да имаат обезбедено банкарска гаранција.

„Впрочем, ова се критериуми и услови кои и досега се барале, во сите јавни набавки на овие енергенси. Сите понуди од овие компании кои по препорака на Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ“, нагласи Ковачевски.

Доколку евентуално пристигнат тие понуди и ги исполнуваат сите споменати критериуми и имаат најниска понудена цена, со тие компании ќе бидат склучени договори, додаде директорот и нагласи:

„Очекуваме, според вчера кажаното, евентуалните понуди да бидат со ниски цени, а со тоа ЕСМ и државата да заштедат 300 милиони евра. Доколку, пак, не пристигнат понуди по препорака на Мицкоски, ќе ја известиме јавноста за исходот на постапката“.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе