20 проценти повеќе од лани

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие

Над 12 милијарди денари или 196 милиони евра се вратени во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, информира Министерството за финансии. 

Според податоците на Министерството, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно со јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари.

Во споредба со 2017 година, пак, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37%, а во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69%.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите.

„Навремениот и неселeктивен поврат на ДДВ е значаен за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност. Затоа Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници”, вели Елези.

 

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе