Финансискиот магазин „Глобал фајнанс“ ја прогласи Охридска банка за најдобра банка во Македонија за 2020 година

Петта година по ред, светскиот финансиски магазин „Глобал фајнанс“ („Global Finance“) ја прогласува Охридска банка, за Најдобра банка во Македонија. Оваа публикација, издадена од Светска банка, 27-ми пат по ред ја објавува листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка“ за земјите од Централна и Источна Европа.

Единствена банка од Македонија, која петта година во низа ја добива оваа награда е токму Охридска банка, која од неодамна е дел од Шпаркасе Групацијата.

Според Уредувачкиот одбор и Директорот на Глобал Фајненс г. Џозеф Д. Гиарапуто, банкарската индустрија сѐ повеќе се соочува со зголемените барања на клиентите за безбеден пристап во рално време, целосна контрола и широка флексибилност во работењето.

Токму Охридска банка, постојано работи во насока на остварување на сите специфични барања на клиентите, следење на пазарните трендови, воведување иновативни производи, како и интензивирање на користењето на е-сервиси кои се безбедни и достапни за сите клиенти.

„Да се биде прогласен пет години по ред за Најдобра банка во Македонија, особено од страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е Глобал фајнанс претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за Охридска банка од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде 4-та по големина во банкарскиот сектор во земјата. Продолжуваме кон нашата стратешка цел, и силно верувам дека сите наши резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија, која се очекува да биде целосно интегрирана во мај 2021 година.

Од друга страна пак, соочени сме со неизвесностите кои ни ги донесе корона кризата и исправени сме пред предизвикот да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти, на институциите, на економијата и на нашите вработени.

Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која ја има Охридска банка во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност и посветеност и во вонредни услови“, изјави Нина Неданоска, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка.

Наградата на Охридска Банка за „Најдобра банка во Македонија за 2020“ ќе ѝ биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ/Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 23 најдобри банки од Централна и Источна Европа.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе