Серија забелешки

Финансискиот извештај на Агенцијата за вработување доби неповолно мислење од ревизорите

Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, пишува во Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за Агенцијата за вработување, чија цел е да се утврди дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во него се во согласност со законската регулатива.

Во извештајот, во клучните утврдени состојби се посочени неусогласени податоци од евиденциите за постојани средства, залиха, паричен надоместок и активни мерки со сметководствената евиденција, преземени обврски без спроведени јавни набавки над дозволениот праг со Законот за јавни набавки, неусогласен колективен договор на ниво со важечката регулатива и нецелосност и точност на остварениот приход.

Клучните препораки во извештајот се: усголасување на евиденциите, спроведување на постапки за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, усогласување на колективниот договор со законската регулатива при пресметка на плати и соработка со другите институции со цел целосно и точно остварување на приходите од придонеси за вработување.

За извештајот се добиени забелешки од кои две се делумно прифатени, две се прифатени со дополнително доставени докази и две не се прифатени бидејќи, како што велат од ДЗР, претставуваат информации кои ги имале предвид при вршење на ревизијата.

Како клучни системски слабости во извештајот се наведени: Измена на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за доуредување на одредби за подготовката на надлежна институција и период на донесување на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе