Филтер-станицата во Карбинци е високотехнолошко решение на Алфа инженеринг

Алфа инженеринг успешно го заврши проектот за водоснабдување на Општина Карбинци. Новата филтер станица за чиста вода за пиење е веќе пуштена во употреба и ги реши долгогодишните проблеми на жителите од оваа општина.

Оваа прочистителна станица е уште еден проект на Алфа инженеринг и претставува високо-технолошко и инженерско решение. Инсталираната опрема е направена од самата компанија и е применет современ метод за ултра-филтрација на водата. Капацитетот на филтер станицата е 40 литри во секунда доволно да ги задоволи потребите на жителите на оваа општина.

„Завршивме еден комплексен проект со специфични и високо-технолошки барања за производство на чиста вода за пиење. При конструирањето на објектот баравме решение што трајно ќе го реши проблемот за водоснабдување и затоа користени се највисоки технолошки стандарди и современи материјали што овозможуваат долготрајност, издржливост и безбедност во однос на водата. Со експертизата што ја имаме и искуството во оваа област, можам да кажам дека жителите на Општина Карбинци добија модерна филтер станица што на долг рок ќе ги снабдува со квалитетно филтрирана вода за пиење”, истакна Ацо Ристов, сопственик на Алфа инженеринг.

Алфа инженеринг е компанија специјализирана за високотехнолошки системи, со примена на нови технологии, машински инженеринг, автоматизација и напредни системи за управување со водоснабдување. Покрај иновативноста и високите стандарди во својата работа се потпира на партнерските релации со други компании од регионот. Филтер станицата во Карбинци е изградена во соработка со партнерската фирма од Словенија Езотек.

За важноста во изведбата на овој проект говори и фактот дека во Општина Карбинци заедно со населените места Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање живеат околу 4,000 жители кои долги години се соочуваа со проблем снабдувајќи се со вода за пиење преку локални бунари.

 

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе