САМИТ ЗА ЗДРАВЈЕ И ТУРИЗАМ

Филип Втори - најдобра болница, Жан Митрев - најдобар здравствен менаџер

Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори" ја доби наградата за најдобра болница, а д-р Жан Митрев е прогласен за најдобар здравствен менаџер на овогодишниот Самит за здравје и туризам, кој од 1 до 4 јули се одржа во Стреса, Италија.

Секоја година Јуроп бизнис асембли (Europe business assembly) ја прогласува најдобрата здравствена установа со најдобар менаџер, како и најдобриот велнес-центар на територијата на Европа и Блискиот Исток. Годинава интернационалното признание му припадна на „Филип Втори" и на менаџерскиот  тим на болницата.
Жан Митрев
Изборот на номинирани установи и менаџери се прави според неколку критериуми, како што се: елоквентност и стручност на персоналот, мултидисциплинарни медицински служби, национални и интернационални акредитации, научно-истражувачка работа, модерна медицинска опрема, писма на задоволство од пациентите, ефективност, фокусирање кон пациентите и нивното задоволство и процес на безбеден третман, како и примена на нови методи и технологии.
На самитот академик Жан Митрев со 10-минутна презентација на тема „Специјална болница Филип Втори - минато, сегашност, иднина" го пренесе секојдневието во работата на овој реномиран центар, соопштуваат од болницата.
 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе