ИНВЕСТИЦИИ

Филип Ван Хул: Во Белгија еден работник добива 40 евра на час, а во Македонија 4 евра

„Моравме да ја спасуваме компанијата „Ван Хул". Производството во Белгија за нас значеше загуба. Преку фабриката во Македонија ја спасивме компанијата", изјави за белгискиот весник Дејли тренд, Филип Ван Хул, извршен директор на фабриката за автобуси.

Филип Ван Хул

„Сега добро ни оди. Фабриките во Конингшоит и во Скопје, Македонија работат со полн капацитет. Во Скопје работат, заедно со снабдувачите, 700 лица само половина година по стартот на фабриката на 1 јули 2013 година, вели Филип Ван Хул.

Според него, „Ван Хул“ во фабриката во Скопје инвестирала 30 милиони евра, но 17 милиони евра биле субвенција од Владата на Македонија.

Во Скопје било планирано да се произведуваат 450 автобуси годишно, но сега таа бројка е 600 до 700 за една година, вели Ван Хул. Едно од три возила се произведува во Скопје. За него клучот на успехот е во ниските трошоци во Македонија – во белгиската фабрика во Конингшоит еден работник го плаќаме по 40 евра за еден час, а во Скопје и помалку од 4 евра. „Или за еден автобус разликата е околу 55 илјади евра. Така е спасена „Ван Хул“. Од компанија со долгови, сега повторно правиме профит. Имаме продажба од 100 милиони евра екстра преку Македонија. За некоја година се надеваме ќе станат 200 милиони. Целиот холдинг за 2013 достигна обрт од 456 милиони евра“ вели Ван хул.

Филип Ван Хул најавува дека инвестициите на компанијата ќе се зголемуваат и во САД, но не и во Белгија. 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе