„Филип Морис” смета дека до 2030 треба да биде забранета продажбата на цигарите

Извршниот директор на тутунската компанија „Филип Морис интернејшнл”, Јацек Олчак ја повика британската влада да ги забрани цигарите во рок од една деценија, вклучително и брендот „Малборо”, кој го произведува оваа фабрика.

Тој рече дека компанијата може „да го види светот без цигари”, а всушност, колку побрзо тоа се случи, толку подобро за сите. „Цигарите треба да се третираат како бензинските автомобили, чија продажба треба да биде забранета од 2030 година“, рече Олчак.

Тој смета дека Владата може да ја запре конфузијата кај пушачите, од кои некои сè уште сметаат дека „алтернативите се полоши од цигарите”.

„Со правилни регулативи и информации, во некои земји проблемот со пушењето може да се реши еднаш и засекогаш за 10 години“, рече тој.

„Филип Морис” неодамна објави дека се стреми половина од својот промет да бидат производи за непушачи, и се претвора во „компанија за здравствени и велнес услуги”, чија нова мисија е свет без цигари.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе