среда, 24 април 2024

Надал: Ако денеска почнуваше Ролан Гарос, немаше да настапам

Рафаел Надал вели дека иако од утре ќе го почне настапот на турнирот во Мадрид, тој не е сто проценти подготвен за игра и таков не би настапил на Ролан Гарос.

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Надал денеска се појави на прес-конференција пред утрешниот настап на турнирот во Мадрид.

„Играњето во Мадрид за мене отсекогаш било нешто посебно, нешто многу убаво. Поддршката која ја добивам тука, тешко е да се каже дека ја добивам и на било кое друго место. Не Мислам дека сум 100 проценти подготвен, но подготвен сум да излезам утре и да играм. За мене е важно да играм за последен пат тука во Мадрид, тоа ми значи многу“, вели Надал.

„Не знам што ќе се случува во наредните недели, јас ќе ги правам работите кои треба да ги правам за да можам да играм на Ролан Гарос во Париз. И ако можам ќе играм, ако не можам нема да играм. Ако турнирот во Париз се играше денеска, немаше да играм. Не би играл таму ако чувствувам дека не сум доволно подготвен за да се натпреварувам. Ќе направам сѐ за да играм, но ќе видиме. Светот нема да заврши ако не играм во Париз, пред мене се и Олимписките игри“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ