„Фич“: Денарот останува стабилен, кредитниот рејтинг на Македонија „ББ +“

Денарот останува стабилен – фиксниот курс е клучно сидро на стабилноста на македонската економија. Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност, се вели во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ која го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Во извештајот,„Фич“ нотира дека потврдениот рејтинг во услови на пандемија е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, развојот на човечкиот капитал, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс.

Надворешните ризици се дополнително ублажени со репо-линијата којашто Европската централна банка ѝ ја одобри на Народната банка.

Во извештајот е нагласено сведувањето на основната каматна стапка на историски најниското ниво и очекувањето на „Фич“ за олабавена монетарна политика на Народната банка и во следниот период, во отсуство на зголемување на стапката на инфлација во текот на следната година и во отсуство на натамошни притисоци врз домашниот девизен пазар. Притоа, од агенцијата за кредитен рејтинг истакнуваат и дека македонската економија има историја на ниска инфлација и на финансиска стабилност поддржана од кредибилните макроекономски и финансиски политики, што соодветствува на успешното одржување на стабилниот девизен курс на денарот. Во извештајот нагласуваат и дека, тековно, пристапот до надворешно финансирање е поволен, а странските инвестиции се отпорни, се вели во соопштението од Народната банка.

Во него се додава дека од „Фич“ оценуваат оти банкарскиот сектор ја задржа силната основа, и покрај пандемичниот шок и постепеното укинување на мерките на финансискиот сектор за „олеснување“ на финансискиот товар на домаќинствата и претпријатијата. Притоа, се наведува дека банкарскиот систем е соодветно капитализиран и профитабилен.

Според Народната банка, во извештајот е истакнато и тоа дека иако одложувањето на наплатата на кредитите беше речиси целосно завршено во првиот квартал од оваа година, тоа не доведе до позначително зголемување на нефункционалните кредити. Имено, велат од Народната банка, во однос на крајот на минатата година, стапката на нефункционални кредити се зголеми за само 0,1 процентен поен и на 30 јуни годинава изнесува 3,4 отсто, како што е изнесено од агенцијата за кредитен рејтинг.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе