Фешн груп донираше апарат за тестови за ковид-19 за 30 минути

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со кои за 30 минути ќе се добие резултат, е донацијата на Фешн груп за Институтот за јавно здравје.

„Голема благодарност до Фешн груп за оваа донација која ни беше потребна. Апаратот е со 4 независни модули, што значи дека наеднаш можат да се изработуваат 4 тестови, така што капацитетот за 24 часа е околу 168 тестови. Тестот е одобрен од FDA, а системот е патентиран. Тестот е со исклучително висока сензитивност и е наменет за брза детекција на коронавирусот.  Времето за изработка е 30 минути за позитивен примерок, додека 45 минути за негативен. Предноста на овој тест е што постапката е целосно автоматизирана, манипулацијата со примерокот е сведена на минимум, со тоа е намален и ризикот од контаминација и вкрстена контаминација на примероците“, вели доцент д-р Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

Донацијата на Фешн груп е од особено значење за Институтот за јавно здравје за да може уште побрзо и навремено да ја  извршува дијагностика во време на пандемија, наменета во служба на граѓаните.

„Горди сме што како групација допринесовме и обезбедивме апарат и тестови со брз резултат на Институтот за јавно здравје, кои ќе служат во борба со корона вирусот. Навистина е важна поддршката на институциите кои неуморно се во првата борбена линија со пандемијата. Групацијата Фешн груп како општествено одговорна компанија во изминатите 26 години постојано се грижи за своите граѓани и целокупната заедница“ истакна оперативниот директор на Фешн груп“, Тони Јанковски.

Од компанијата додаваат дека тие постојано се грижат за општото здравје на нивните вработени и потрошувачи со спроведување на највисоки мерки на заштита согласно препораките на СЗО. Компaнијата Фешн груп продолжува со раст во својот домен, грижа кон општеството и со овој придонес сака дополнително да помогне  во побрзо детектирање на вирусот, а со тоа и побрза лекарска интервенција, за заштита на сите граѓани во општеството.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе