Што ја чека новата Влада? (3)

Фармацевтско-хемиската без проблеми, пад во металната и електроиндустријата

Со помош на Стопанската комора на Македонија, МКД.мк објавува серија написи за тоа каква е состојбата во македонското стопанство во услови на пандемија. Главните елементи на овие секторски анализи се неизвесност, пад во производството во споредба со лани, намалени нарачки од странство и барања за помош од државата. Во секторот на Фармацевско-хемиската индустрија, во периодот од почетокот на годината не се забележани позначителни проблеми. Пад во металната и електро индустријата.

Според податоците на Државниот завод за статистика производството на хемикалии и хемиски производи во периодот јануари-април 2020 година бележи зголемување од 8,2%,  производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати бележи раст од 18,4%, а производството на производи од гума и производи од пластични маси раст од 17,5% во споредба со периодот јануари-јуни 2019 година.

„Според укажувањето на компаниите од овој сектор, одредени проблеми се забележуваат единствено во процесот на наплата на побарувањата од деловните партнери, што може да се одрази на ликвидноста на компаниите. Регистрирани се и административни пречки во обезбедувањето на одредени лиценци и дозволи за работењето, што е резултат на застој на работењето на надлежните органи и нивнато недоволно познавање на проблемите од пракса“, Љупка Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Во металната и електро индустријата во периодот јануари-јуни во однос на истиот период од лани забележан е пад во производството на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема (пад од 11,6%), во производството на електрична опрема (пад за 31,8%), на машини и уреди (пад за 41,6%), на моторни возила, приколки и полуприколки (пад за 21,1%) и поправка и инсталирање на машини и опрема (пад за 20,7%).

Раст од 35,8% е забележан единствено во дејноста производство на останата опрема за транспорт.

И тука падот е резултат на одложување на нарачките од странските партнери поради кризата и падот на светската побарувачка, како и поради отежнатите услови за работа предизвикани од пандемијата со коронавирусот.

„Очекувањата за втората половина од годинава во овој сектор се оптимистички, односно компаниите членки на Стопанската комора на Македонија посочуваат дека после првиот удар од кризата, тие влегуваат во редовен работен процес и веројатно успешно надминување на проблемите, пред сѐ поради зголемената стопанска активност, нови проекти, и зголемен обем на работа“, ни изјави Перо Авакумовски, советник во Стопанската комора на Македонија.

(Продолжува)

ШТО ЈА ЧЕКА НОВАТА ВЛАДА? (1)
Пандемијата ја намали продуктивноста во градежништвото

ШТО ЈА ЧЕКА НОВАТА ВЛАДА? (2)
Сѐ помалку нарачки за текстилците, ќе останат ли без работа над 40 илјади текстилни работнички?

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе