Фајненс Тинк: Задолжувањето очекувано и поволно, но граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари

Потегот за издавање еврообврзница е очекуван потег од страна на Владата, имајќи ја предвид проектираната потреба за финансирање на буџетот во износ од околу 600 милиони евра, но Владата не отвори јавна дебата, а граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари, особено од високи задолжувања како ова, оценува Институтот Фајненс Тинк, во реакцијата за задолжувањето

„Фајненс Тинк смета дека износот на задолжувањето е во рамки на годинешните буџетски потреби, но заедно со депозитите на Владата во НБРМ во износ од 360 милиони евра (крај на декември 2017), обезбедува вкупна буџетска ликвидност од задолжувања во износ од 860 милиони евра, што треба да овозможи финансирање и по 2018, под претпоставка дека проектираниот буџетски дефицит нема да се пробие.

Постигнатата каматна стапка 2.75% (стапка на принос 3%) е поволна, и споредлива со каматната стапка која би се постигнала на домашниот пазар за слична рочност. Оттука, потегот дел од новиот долг да се искористи за рефинансирање на стар долг со повисока каматна стапка е коректен“, се вели во соопштението од Фајненс Тинк.

Сепак, оттаму додаваат дека остануваат отворени две главни прашања во однос на надворешното задолжување.

„Владата не отвори јавна дебата пред финализирање на издавањето на еврообврзницата. Ваквата дебата, колку и да не влијае врз конечната одлука, е корисна како за информирање на општата јавност, така и за градење кредибилитет кај Министерството за финансии во контекст на почитување на намерата за целосна транспарентност, отчетност и вклучување на засегнатите страни во процесите на управување со јавните финансии“, оценуваат од Институтот.

Фајненс Тинк, исто така остро се спротивставува на понатамошното користење на флоскулата „средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби“.

„Во техничка смисла, овие средства ќе се слеат во буџетот и ќе се користат за намирување на обврските како што тие доаѓаат. Но, во концептуална смисла, граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари, и особено парите од високи задолжувања како ова. По одбивањето на износот што ќе се искористи за враќање стар долг, Владата мора јасно да комуницира со јавноста за што ќе се потрошат преостанатите пари. Тоа е поврзано со итната потреба да се отвори широка општествена дебата за капиталните инвестиции, нивната приоритизација и пресметка на корисноста за економијата“, додаваат од Фајненс Тинк.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе