ПАД НА БДП ОД 1,8 ОТСТО

Фајнанс тинк: Во вториот квартал намалени капитални инвестиции и нула странски инвестиции

Во вториот квартал од 2017, економијата се намали за 1,8% споредено со истиот квартал од 2016. Политичката криза кулминираше со настаните во Собранието од 27 април, што продолжи во нова неизвесност до формирањето на вадата на 31 мај, што пак продолжи во период на преземање на институциите и следствено без позначаен импулс за економијата. Сепак, во јуни, притисокот врз економијата се намали и се појави нов бран оптимизам.

Во поголем дел од овој период, економијата остана `замрзната`: домашните инвеститори скоро целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори скоро и да немаше. Бруто инвестициите се намалија за 19,9%. Истовремено, во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализираа со значително забавено темпо. Градежништвото се намали за 17,3%.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработност забележа понатамошно благо намалување за 0,3 процентни поени, до 22,6%, кое главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.

Оттука, Институтот за економско истражување и политики Фајнанс тинк (Finance Think) врши понатамошна надолна ревизија на проекцијата за растот на БДП за 2017 на 0,8%, одразувајќи го ризикот нагласен во претходниот макро-монитор - брзината со која новата влада се враќа на патеката на структурните реформи.

Оваа значајна надолна ревизија е одраз и на повисокиот пад од очекуваниот во вториот квартал за 2017, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенцијалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментот на објавување на оваа публикација.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе