Макроекономскиот монитор

Фајнанс тинк: Стагнација на економијата, потребни се амбициозни владини чекори

Во третиот квартал од 2017, економијата порасна за само 0,2% споредено со истиот квартал од 2016. Стагнацијата на економијата во овој квартал е ехо на политичката криза која заврши непосредно пред неговиот почеток. Но, оптимизмот кај економските агенти кој се појави со формирањето на владата во јуни 2017 година е веројатно клучен за запирање на опасноста економијата да западне во посериозна рецесија.

Во третиот квартал, бруто инвестициите и понатаму се намалуваат, но падот е забавен. Од друга страна, забавување на растот се забележува и кај извозот и увозот. Личната потрошувачка останува да биде значаен носител на растот во овој период. На производната страна, преработувачката индустрија и градежништвото забележуваат знајачни падови од 5,8% и 11,6%, соодветно.

Оттука, со цел оптимизмот да се претвори во повисоки стапки на економски раст, сега е се потребни интензивни и амбициозни владини чекори за поттикнување на инвестициската активност.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработеност покажува понатамошно пркосно намалување од 0,5 процентни поени, до 22,1%, што и понатаму главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.

Оттука, Фајнанс тинк (Finance Think) ја задржува проекцијата за растот на БДП за 2017 на 0,8%, со нагласен ризик од нејзино преценување. Според сегашните економски движења и изгледите за движењата во следниот период, растот на БДП за 2018 година се проектира на 3,1%, соопшти Институтот за економско истражување Фајнанс тинк.

 

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе