По владината најава

Фајнанс тинк: Поврат на ДДВ само за најбогатите

Само најбогатите домаќинства кои годишно трошат 1,2 милиони денари (околу 20 илјади евра) ќе можат да вратат една просечна плата со новонајавената мерка за поврат на ДДВ. Најсиромашните домаќинства ќе вратат само 738 денари, покажува анализата на Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think).

Вкупниот годишен поврат на ДДВ кај сите домаќинства ќе изнесува 49,5 милиони евра.

Семејство чија потрошувачка кошничка месечно изнесува 32.670 денари ќе може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година. Повратот на ДДВ ќе биде тешко за оние кои земаат просечна плата и уште потешко за оние кои земаат минимална плата.

Според последните податоци за декември лани, социјалната потрошувачка кошничка која се мери со просечната исплатена нето плата, изнесувала 32.670 денари. Пресметано на годишно ниво тоа значи дека четиричлено работничко семејство, кое нема автомобил, за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, одржување на здравје годишно троши по 392.040 денари (6.370 евра). Тоа семејство, преку сметките на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година.

Социјалната потрошувачка кошничка можат да ја покријат само семејствата со две просечни нето плати или со една просечна и една минимална плата. Семејствата со две минимални плати не се во можност без да се откажат од нешто да преживеат и со синдикалната потрошувачка кошничка. Според тоа, тие и најмалку ќе добијат од колачот што се вика поврат на ДДВ.

Просечна нето плата во земјава земаат околу 17 отсто од вработените, додека 75 отсто од нив земаат плати под државниот просек. Во декември, според податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата изнсувала 25.784 денари.

Наспроти ова, премиерот Зоран Заев најави дека гидишно со повратот на ДДВ граѓаните ќе добијат меѓу 60 и 100 милиони евра годишно.

Владата најавува дека овој проект ќе треба да почне на 1 јули.

„Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а во зависност од процентот на успешност, толку повеќе ќе растат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот“, вели Заев.

Според власта, со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните сами да бидат контролори и да добијат значителни приноси, но и да се подобри наплатата на ДДВ. Проектот предвидува дека право на поврат ќе има секој кој ќе има над 15 години и важечка лична карта. Според него, на тој начин ќе се намали даночната евазија и дека сега, секој граѓанин ќе биде инспектор. „Ќе игра телефонот. Граѓаните сами ќе бидат инспектори, бидејќи се работи за нивните пари“, изјави Заев.

Објавено

Понеделник, Март 18, 2019 - 07:21

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе