Фајнанс тинк: Од повратот на ДДВ ќе се офајдат само за 5 % од домаќинствата, најбогатите

Според објавите од Министерство за финансии, износот кој мерката Поврат на ДДВ ќе го врати кај граѓаните изнесува околу 50 милиони евра, што е идентично со износот што Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think) го пресмета и објави во март.

Според пресметките на Фајннанс тинк, плафонот на повратот од 28.800 денари годишно ги зафаќа само најбогатите 5% од домаќинствата. Само најбогатите домаќинства кои годишно трошат 1,2 милиони денари (околу 20 илјади евра) ќе можат да вратат една просечна плата со мерката Поврат на ДДВ. Најсиромашните домаќинства ќе вратат само 738 денари, покажа анализата на Фајнанс тинк.

Вкупниот годишен поврат на ДДВ кај сите домаќинства ќе изнесува 49,5 милиони евра.

Семејство чија потрошувачка кошничка месечно изнесува 32.670 денари ќе може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година. Повратот на ДДВ ќе биде тешко за оние кои земаат просечна плата и уште потешко за оние кои земаат минимална плата.

Според последните податоци за декември лани, социјалната потрошувачка кошничка која се мери со просечната исплатена нето плата, изнесувала 32.670 денари. Пресметано на годишно ниво тоа значи дека четиричлено работничко семејство, кое нема автомобил, за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, одржување на здравје годишно троши по 392.040 денари (6.370 евра). Тоа семејство, преку сметките на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година.

Социјалната потрошувачка кошничка можат да ја покријат само семејствата со две просечни нето плати или со една просечна и една минимална плата. Семејствата со две минимални плати не се во можност без да се откажат од нешто да преживеат и со синдикалната потрошувачка кошничка. Според тоа, тие и најмалку ќе добијат од колачот што се вика поврат на ДДВ.

Просечна нето плата во земјава земаат околу 17 отсто од вработените, додека 75 отсто од нив земаат плати под државниот просек.

Премиерот Зоран Заев нна почетокот на годинава најавуваше дека годишно со повратот на ДДВ граѓаните ќе добијат меѓу 60 и 100 милиони евра годишно.

„Ќе имаме одличен систем и очекувањата се дека граѓаните ќе добијат меѓу 60 до 100 милиони евра годишно на самиот старт, а во зависност од процентот на успешност, толку повеќе ќе растат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот“, изјави тогаш Заев.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе