Фајнанс тинк: Министерот за финансии треба да каже за обврските кон доверителите, непродуктивните расходи, за новата даночна политика...

Поради состојбата на економијата по долгиот период на политичка криза, маневарскиот простор на министерот за финансии е значително стеснет. Со цел разјаснување на состојбата со јавните финансии, министерот, на почетокот на својот мандат, треба да одговори на неколку клучни прашања за јавните финансии и економијата, воопшто.

1. Износот на достасани, а неизмирени обврски на државата кон своите доверители останува непознат. Доколку вакви обврски постојат, и особено доколку тие се големи, тогаш министерот мора веднаш да предложи план за нивното измирување, а притоа ефектот врз буџетската каса да не биде ударен.

2. Со оглед дека во јавната дебата долго време се заговара кратење на непродуктивните расходи, должност на новиот министер е да отвори дебата и да ги искаже своите позиции за тоа што претставува непродуктивно трошење, и како неговото кратење ќе се одрази врз буџетот и граѓаните.

3. Сврзано со претходното, од министерот се очекува да отвори јавна дебата за приоритизација на капиталните трошења. Ниту сите капитални трошења се со еднаков ефект врз економијата, ниту сите може да се финансираат одеднаш. Мора да се постигне општествен консензус за тоа што ќе се финансира прво и како ќе се финансира.

4. Реконципирањето на даночната политика не треба да биде нагло, туку да следи економска дебата и аналитички докази кои ќе овозможат оптимално поставуање на параметрите на потенцијалните даночни реформи. Потенцијалната даночна прогресија да биде проследена со воспоставување фонд за сиромашни и социјално загрозени, во кој ќе се слеваат средствата собрани од дополнително-наметнатиот данок.

5. Фискалната транспарентност останува врвен императив. Граѓаните мора да знаат за што се трошат народните пари. Се очекува дека министерот веднаш ќе пристапи кон исполнување на своето предизборно ветување за објавување на сите трошоци, со сите детали, што ги прави Владата.

6. Се очекува министерот веднаш да ја почне постапката за формирање независно експертско тело фискален совет, со цел тоа да врши мониторинг врз извршувањето на фискалната политика и, особено, да има влијание врз динамиканата и користењето на јавниот долг, соопшти Институтот за економско истражување и политики Фaјнанс тинк (Finance think).

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе