Фајнанс тинк: Коронакризата ја предизвика најголемата рецесија во Македонија

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк во најновиот квартален „Макроекономски монитор“ оценува дека затварањето на економијата и ограниченото движење поради ширењето на корона вирусот ја предизвикале најдлабоката рецесија во македонската економија, при што Бруто домашниот производ во вториот квартал е намален на минус 12,7 проценти.

На производната страна, како што се посочува, падот е најголем кај индустријата (-25,3 проценти) и трговијата, транспортот и угостителството (-23,4 проценти) поради ограничената меѓународна трговија и отежнатото движење, додека трговијата и угостителството страдале од наметнатото затворање и воздржаност од потрошувачка на неесенцијални добра и услуги.

На расходната страна, пад има кај извозот, увозот, инвестициите и потрошувачката, но тој е поголем кај извозот (-25,6 проценти), увозот (-31,3 проценти) и инвестициите (-29.6 проценти), додека кај потрошувачката е поблаг (-12,7 проценти).

Намалувањето на БДП, како што посочува Фајнанс тинк, целосно се совпаѓа со нивната проекција од 11 април. Остануваат на проекцијата дека падот на БДП годинава ќе биде -3,8, а во третиот квартал -4,7 проценти.

„Но, двете проекции се под особено изразени негативни ризици, во целост детерминирани од времетраењето и потенцијалното влошување на кризата предизвикана од ковид-19. Особено, овие проекции се изградени врз претпоставките дека економијата нема повторно да се затвори при евентуален нов удар од ковид-19 есента 2020, како и дека економските текови ќе продолжат со разумно темпо на нормализација до почетокот на 2021, посочува Фајнанс тинк.

Во однос на невработеноста во вториот квартал, од Фајнанс тинк велат дека таа е зголемена на 16,7 проценти од претходните 16,2 проценти, но оти сепак растот е помал главно поради мерката за субвенционирање на плати која вклучуваше одредба за задржување на бројот на работици за време на користењето на мерката и два месеца по нејзиниот престанок. 

Помеѓу двата квартала, најмногу работни места, односно 12.000 или 24,2 проценти, се изгубени во дејноста транспорт и складирање.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе