Можни се краткорочни и долгорочни финансиски последици

Фајнанс тинк: Еколошката такса да се зголемува скалесто зашто ќе предизвика инфлација

Воведувањето на еколошка такса врз цената на горивата ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво – инфлацијата, која би се движела од 0,15 до 0,3 проценти. Долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени, анализира Фајнанс тинк (Finance Think) за ефектите од  воведување такса од 3,5 денари за литар гориво (4,13 денари со ДДВ), со цел да се дестимулира користењето фосилни горива и да се оди на еколошка енергија.

Според Фајнанс тинк, воведувањето на еколошката такса ќе предизвика еднократно зголемување на цените со постојан ефект и може да има преносен ефект врз цените на другите добра и услуги за чие произвoдство горивата се инпут.

„Двата ефекта – краткорочниот и долгорочниот не треба да се потценуваат. Оттука, препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1,5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022 година. Со тоа, ценовниот ефект, без оглед колку е мал, ќе биде дополнително разводнет, велат од организацијата и препорачуваат да се креира фонд за зелена транзиција кој ќе обезбеди дека средствата собрани преку еколошката такса навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција во земјата.

Фајнанс тинк препорачува Владата да излезе со аргументи, да организира јавна дебата и да го демантира впечатокот дека еколошката такса се воведува за да ги компензира фискалните приходи кои ќе се изгубат поради намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија. Воедно, се сугерира да се преземат и алтернативнит модели за финансирање, на пример, издавање зелена обврзница.

Во анализата се вели дека покачувањето на цената на горивата од еден процент, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0,02 и 0,05 проценти, а дека воведувањето на еколошката такса во висина од просечни 6,2 проценти од цената на литар гориво ќе придонесе со дополнителни 0,15 до 0,3 проценти пораст на општото ценовно ниво на краток рок.

Според Фајнанс тинк, долгорочниот ефект од зголемување на цената на горивата врз вкупните цени е посилен, и може да е позначаен бидејќи еколошката такса е перманентна промена.

„Еден процент зголемување на цената на горивата, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0,14 и 0,16 проценти на долг рок. Оттука, долгорочно гледано, воведувањето на еколошката такса ќе придонесе со дополнителни 0,8 до 0,9 проценти пораст на општото ценовно ниво. Ценовно зголемување кај горивата вообичаено го зголемува општото ценовно ниво (инфлацијата) на сосем краток рок, односно во првиот месец по зголемувањето на цените на горивата. Оттука, ценовниот ефект од еколошката такса би настанал веднаш", нагласуваат од организацијата.

Потоа, посочуваат, зголемување се забележува и помеѓу седмиот и 15-тиот месец од воведувањето на еколошката такса (ефект кој е статистички значаен), а потоа исчезнува.

„Тоа потенцијално укажува дека освен еднократниот ефект, може да се очекува одреден понатамошен преносен ефект од воведувањето на еколошката такса во висина од долгорочниот коефициент од 0,14 проценти, велат од Фајнанс тинк и истакнуваат дека воведувањето на еколошката такса се случува во време кога нерамнотежите кај повеќе добра и услуги на глобалниот пазар, предизвикани од пандемијата, вршат одреден привремен притисок врз цените на глобално ниво.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе