Анкета

Фајнанс тинк: 69 отсто од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор

Само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби или да заштеди дел од својот доход, покажува истражувањето на Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think).

Онлајн анкетата спроведена лани на 1.133 испитаници покажува поразителни податоци за сиромаштијата во Македонија.

Според анкетата 69 отсто од граѓаните не можат да си дозволат да одат на одмор или патување еднаш годишно; 91 отсто не можат да си дозволат козметички третман или масажа еднаш месечно; 78 отсто не можат да си дозволат да купат ново парче облека или обувки еднаш месечно; 4 отсто не можат да си дозволат ништо; 76 отсто не можат да возат автомобил секој ден; 68 отсто не можат да си дозволат театар или кино еднаш месечно, а 59 отсто не можат да си дозволат да јадат во ресторан еднаш месечно.

Истражувањето покажа дека само една третина од населението успева да ги задоволи сите потреби или да заштеди дел од својот доход, дека 42,1 отсто успеваат да ги задоволат само потребите за храна и сметки, а 28 отсто не успеваат ниту тоа.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе