Фајнанс тинк: 3/4 од вработените и компаниите погодени од кризата со ковид-19

Три четвртини од вработените и компаниите во земјава се погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот, покажува анкетата на  институтот за еконмски анализи „Фајнанс тинк“ (Finance Think) објавена во публикацијата „Квалитет на живот – Економските ефекти од корона кризата“.

Податоците од анкетата покажуваат дека високи 75,9 проценти од испитаниците одговориле дека компанијата во која работат е погодена од коронавирусот.

Состојбата кај самовработените и микробизнисите е уште покритична. Така, 89 проценти од нив се изјасниле дека кризата го погодила нивниот бизнис. Анализата укажува дека микро бизнисот се соочил со значителен пад на прометот или со привремено затворање.

Од испитаниците кои одговориле дека компанијата во која работат е погодена од корона кризата, голем дел одговориле дека тоа е поради мерките на државата со кои се наложило затворање на одредени компании или затоа што нивниот промет значително опаднал.

Значаен е и процентот на компании кои имале проблем да ги пласираат своите производи и ова најчесто се однесува на извозно-ориентираните компании.

Најчестиот механизам што го примениле работодавачите за прилагодување на корона-кризата е намалување на платите на вработените и прекинување на секакви дополнителни исплати. Така, 25,6 проценти од испитаниците одговориле дека им била намалена платата, а 24,1 процент дека им било соопштено оти веројатно ќе им биде намалена платата или ќе има отпуштања од работа. 23,1 процент се изјасниле дека им биле скратени дополнителните исплати. На принуден одмор биле отпуштени 14,4 проценти од испитаниците, а 10,8 проценти биле отпуштени од работа.

Од корона кризата погодени се и невработените, а повремените приходи се прекинати и кај невработените со инцидентни работни ангажмани.

Скоро половина од испитаниците вработени во јавната администрација и од испитаниците пензионери покажале подготвеност да им бидат скратени нивните примања, додека 23 проценти од јавната администрација и 18 проценти од пензионерите се изјасниле дека не се согласуваат со никакви кратења на приходите, но оти стравуваат дека до тоа ќе дојде.

Сепак, треба да се забележи дека по околу една петтина од двете групи не се согласуваат да сносат дел од економскиот товар на корона-кризата, се вели во анализата Фајнанс тинк, независен и непрофитен институт за економски истражувања и политики.

Најголем дел од испитаниците или високи 70 проценти одговориле дека во моменталните околности на економска криза предизвикана од ширењето на ковид-19, би можеле да издржат најмногу три месеци. 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе