Фадил Бајрами повторно именуван за вицегувернер на Народната банка

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка на предлог на гувренерката Анита Ангеловска-Бежоска. Тој вчера даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Народната банка изразува задоволство што Собранието на Република Северна Македонија повторно со големо мнозинство го поддржа предлогот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска“, се наведува во денешното соопштение од Народната банка.

Бајрами беше избран за вицегувернер во рамки на 110. пленарна седница одржана на 31 август годинава. 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе